Во Њујорк вчеравечер се одржа забавата и ревијата на годината, откако Оливие Рустенг на пистата ги претстави сите модели од неговата колекција за H & M.

Сосема очекувано, на неговата ревија се појавија некои од најголемите трендсетерки и познати девојки на денешницата, а од сите нив, целото внимание го привлече Кендал Џенер како ѕвезда на вечерта.

Како модели се појавија некои од најпознатите манекенки меѓу кои и Алесандра Амбросио, Џиџи и Бела Хадид, Кендал Џенер, Карли Клос, Џоан Смолс и уште многу други.

Сите креации беа во стилот на ултра талентираниот Оливие, односно тесни и куси фустани со многу интересни плетки, елегантни панталони комбинирани со светкави блузи со нагласена половина со впечатлив ремен, неверојатно добри сандали со врвки и накит каков што само тој знае да создаде.

Палетата на бои беше онаа препознатливата за него, како црна, нежно бела, црвена, сина и зелена кај свечените фустани.

Меѓу гостите, најголем впечаток оставија Роси Хантингтон Вајтли која се одлучи за темно зелени панталони со интересен принт и свилена кошула во иста нијанса, со ремен на половината.

Подеднакво прекрасна беше и шармантната актерка Даен Кругер која одбра црн комбинезон со долги ракави и изгледаше неверојатно секси со блескавата шминка и впечатливите црни обетки.

Погоре погледнете дел од ревијата на Балман за H & M и дел од гостите што присуствуваа на ревијата.

Објавено:
21 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.169 пати