Француската историја и настаните од неа послужија како инспирација за новата колекција на ултра талентираниот Оливие Рустенг од модната куќа Балман.

Од самите негови почетоци, тој е невозможно вљубен во луксузот и сѐ што е поврзано со него, па така и во оваа колекција можеме да видиме неверојатно стилски парчиња од уникатни материјали.

Овој пат, младиот дизајнер се инспирира од раскошните француски времиња, лудите забави и претерувањето во секоја смисла на зборот.

Во неговата пред – есенска колекција, во најголема мера тој се инспирираше од Madame de Pompadour, познатата љубовница на Луј 15 – ти.

И повеќе од сигурно е дека неговите девојки ќе ги обожаваат ресите што тој совршено ги постави на кусите и долги фустани, карнерите на пастелните парчиња, панталоните со фантастичен дезен, струкираните и неодоливи палта, панталоните со висок струк и два реда копчиња, транспарентните долги фустани, но најмногу во тесните секси парчиња што на неверојатен начин ја издолжуваат силуетата и ја нагласуваат половината.

Што се однесува до боите, дизајнерот овој пат одбра прекрасната палета и комбинации на бои почнувајќи од чиста бела, преку шармантна сина, пастелно розова и неизбежна црна.

Вистински хит за кој веќе знаеме дека ќе преовладува следнава сезона, се и чевлите што ги понуди Оливие, а за кои веќе има листа на чекање.

Објавено:
28 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
553 пати