Селма Хаек: Мојот сопруг сака кога носам кожна гардероба!

12 јуни 2013

Една од најубавите актерки во светот Селма Хаек открива дека нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино многу влијае врз  нејзиниот стил на облекување.

Таа нагласува дека тој ужива  во тоа како и стои кожната облека и дека тоа многу го возбудува. Освен тоа Франсоа влијаел и на други детали кога е во прашање нејзиниот стил.

-Понекогаш кога ќе здогледам некој фустан и ќе  помислам дека повеќе не е во мода, тој ќе ме предомисли во спротивното и ќе ме убеди да го купам, изјавила Селма.


Иако, нејзиниот сопруг има голема улога, Селма неколку пати беше прогласена за модна икона, но нејзе не и претставува некаков успех. Таа вели дека едноставно „има око за тие работи“ и сосем спонтано ја комбинира својата гардероба.

Објавено:
12 јуни 2013
Категорија: 
Сцена