Сестрите Џенер во фокусот на медиумите на годинешните MuchMusic видео награди

16 јуни 2014

Сестрите Џенер-Кардашијан Сестрите Џенер-Кардашијан

Музичките видео награди „MuchMusic“ се годишни награди чиј домаќин е видео каналот MuchMusic, а е во чест на најдобрите музички видео записи направени во текот на годината.

Џон и Едвард Гримс - Џедвард Џон и Едвард Гримс - Џедвард

Во една модерна форма, церемонијата на доделување награди се одржува во вид на улична забава на паркингот лоциран во западниот дел на улицата Квин во Торонто и истата директно се емитува на музичкиот канал.

Кендал Џенер во Фаусто Пуљизи Кендал Џенер во Фаусто Пуљизи

Најголемо внимание предизвикаа познатите сестри Џенер-Кардашијан, Кендал и Кајли кои ги собраа симпатиите на публиката поради провокативниот стајлинг. Осумнаесет годишната Кендал Џенер се појави во бела тоалета, со странични шлицови кои паѓаа во должина почнувајќи од колковите, украсена со блескави масивни камења во портокалова, златна и сребрена боја. Креацијата е дел од колекцијата за есен-зима 2013/1014 на дизајнерот Фаусто Пуљизи.

Кајли Џенер Кајли Џенер

Нејзината две години помлада сестра, шеснаесетгодишната Кајли, на црвениот килим зачекори во портокалов светкав коктел фустан, украсен со  стаклени камчиња по чијa должина беше распоредена провокативна игра на транспаретни кроеви.

Клое Грејс Морец во Мариос Шваб Клое Грејс Морец во Мариос Шваб

Младата американска актерка, Клое Грејс Морец, на свеченоста пристигна во прекрасен тантелен коктел фустан со глокна здолниште, модел од последната ресорт колекција на Мариос Шваб. Нејзината колешка,  младата актерка Кирнан Шипка се појави во краток коктел фустан во розова боја, попрскан со светкави камчиња во крој на модифициран пеплум, дело на модната куќа Марни.

Кирнан Шипка во Марни Кирнан Шипка во Марни

Девојката која може да се пофали со музичка и филмска кариера Џена Малоне, а ние ја познаваме од популарниот филм The Hunger Games исто така беше дел од ѕвездената патека. Облечена во миди здолништето со висок струк и топ во кралско сина боја  на брендот Paper London, таа го привлекуваше фокусот на медиумите.

Џена Малони во Paper London Џена Малони во Paper London

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на црвениот килим.

 

Објавено:
16 јуни 2014
Категорија: 
Сцена