Кендал Џенер има двојничка од Русија

31 октомври 2016

Кејт Бохучарскаја е името на моделот за кој многумина велат дека е двојничка на Кендал Џенер.

Оваа 22-годишна Русинка го имаше своето модно деби во 2013 година, за пролетната колекција на „Луј Витон“ и „Клое“, по што следеа и мноштво едиторијали. Нејзината матична агенција е „Next Agency“, во која се и Аризона Мјуз и Кејт Аптон.

Кендал не само што знае за својата двојничка, туку ја ангажираше за последниот лукбук за пролетната колекција  на Кендал и Кајли – (Kendall+Kylie Spring 2017).

Фотографиите погледнете ги во продолжение:

Објавено:
31 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.008 пати