Откако за пролетната колекција направија соработка со Кејт Аптон, британскиот моден бренд Accessorize за есенската рекламна кампања ја ангажираше англиската актерка и модел, Тамсин Егертон.

Новата колекција изобилува со совршени чанти за дневни и вечерни варијанти украсени со накит, како и капи и шалови за периодот кога ќе настапат ниските температури.  Акцентот е ставен на елеганцијата во ефектни црно – бели комбинации, но оставен е простор и за комбинирање со други нијанси.

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци