Северина во поинакво модно издание

24 октомври 2013

Хрватската дизајнерка Матија Вуица за ѕвезда од својата нова рекламна кампања за колекцијата Lady X, ја избра токму пејачката Северина. Матија вели дека оваа колекција е далеку од комерцијалното со моменти на костимографија кои ја претставуваат жената како магичен воин, потоа бел лебед, црна вдовица или едноставно -дама заводничка. Дизајнерката е позната по изработката на гламурозни вечерни тоалети, за што вели дека не може да замисли да дизајнира ништо друго. Во продолжение погледнете како изгледа една од најпознатите хрватски пејачки, во улога на модел.

 

Објавено:
24 октомври 2013
Категорија: 
Сцена