Шарлиз Терон како божица – сама се фотографираше за насловната на „Entertainment Weekly“

9 јули 2020

Оскаровката Шарлиз Терон има некој посебен шарм со кој магнетски ја привлекува јавноста. Овој пат се најде на насловната на дигиталното издание „Entertainment Weekly" и секако предизвика внимание.

Прво што треба да се подвлече, а го прави ова издание посебно, е тоа што 44-годшната актерска ѕвезда сама се фотографираше за овој проект, како последица на околностите предизвикани од сè уште актуелната пандемија. Овој концепт претходно го користеа и други магазини и ѕвезди, како Наоми Кембел која сама се фотографираше за интервјуто во „Essence".

За Шарлиз е општо познато дека знае како пред камерата, но овој пат се покажа како умешна и од другата страна, зад камерата. Фотографиите што го следат нејзиното интервју за магазинот се направени во дворот на нејзината хациенда во Лос Анџелес. Сами ќе потврдите дека се фантастични, а таа е како божица.

Поводот за интервјуто пак, е нејзиното ново филмско остварување. Се работи за акциона драма во продукција на Netflix, „The Old Guard“, во кој Шарлиз ја игра улогата на Енди која го предводи тимот на бесмртни платеници кои се борат да го зачуват тајниот идентитет.

Филмот премиерно ќе биде прикажан утре, а целото интервју може да го прочитате на овој линк.

Објавено:
9 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
502 пати
Тагови: 
Шарлиз Терон