Шерон Стоун ги маѓепса присутните на Грисогоно вечерата

21 мај 2014

Фаваз Груози и Шерон Стоун Фаваз Груози и Шерон Стоун

Традиционално како и секоја година, во рамките на филмскиот фестивал во Кан се одржа Грисогоно вечерата. Куќата за накит на чело со нејзиниот основач Фаваз Груози собраа голем број гости, меѓу кои и многу ѕвезди, а Груози и оваа година го оправда епитетот-најдобар организатор на забави.

моделот Рози Хатингтон во модел на Cusnie et Ochs моделот Рози Хатингтон во модел на Cusnie et Ochs

Низ ѕвездената толпа можеа да се видат моделот Кара Делевињ која пленеше во креација на Роберто Кавали, Амбер Хрд која што се појави во дводелна тоалета потпишана од Вионет, Рози Хатингтон, која пристигна облечена во дизајн на Cushnie et Ochs, актерот со врела крв Антонио Бандерас и многу други. Секако целото внимание беше насочено кон безвременската актерска икона Шерон Стоун која што на вечерата се појави во црвена долга тоалета на Роберто Кавали и со својата убава насмевка и шармантно држење успеа да ги освои сите погледи и да цела вечер да биде во фокусот на сите фотообјективи и камери.

Кара Делевињ во креација на Роберто Кавали Кара Делевињ во креација на Роберто Кавали

„Навистина не можам да верувам дека ова жена која што има над 50 години изгледа како супер модел“, изјавил Груози за британскиот таблоид The Daily Mirror.

Објавено:
21 мај 2014
Категорија: 
Сцена