Кога Роберто Кавали прави забава...

22 мај 2014

Роберто Кавали со Ирина Шајк Роберто Кавали со Ирина Шајк

Се чини дека 67-мото издание на филмскиот фестивал во Кан не само што ги задоволи филмските апетити на посетителите и гостите, преку промоција на вистински кинематографски изданија, туку промовираше вистинска ѕвездена агенда. На еден невообичаен начин деновиве француската ривиера пулсира не само во духот на филмот, туку и на модата. После култните забави на Џорџо Армани, на Келвин Клајн, компанијата за накит Шопар, на ред беше и „журката“ на Роберто Кавли која се случи вчера вечер на неговата јахта.

Ева Кавали и Шерон Стоун во креација на Емилио Пучи Ева Кавали и Шерон Стоун во креација на Емилио Пучи

Холивудските ѕвезди, дефинитивно фрлија сенка на францускиот шарм и заедно со домаќините на забавата модниот дизајнер и неговата понежна половина и бизнис партнер Ева Кавали направија фасцинантна дружба која траеше до раните утрински часови. Меѓу присутните имаше голем број познати личности од светот на модата, филмот и музиката.

Ева Кавали со Џон Траволта и Кели Престон Ева Кавали со Џон Траволта и Кели Престон

Актерката Шерон Стоун, по се изгледа има неверојатен инстинкт кога е во прашање изборот на креација. Таа на забавата се појави во краток црн фустан попрскан со кристални камчиња дело на Емилио Пучи и клач-чанта на Салваторе Ферагамо и повторно ги собра најголемите симпатии од присутните. Низ толпата гости ги видовме и брачната двојка Џон Траволта и Кели Престон, моделите Хајди Клум, Ирина Шајк и Александра Амброзио, тинејџерската сензација пејачот Џастин Бибер, џебната венера Кајли Миног и многу други. Голем дел од гостите беа облечени во креации на Кавали од последната колекција за актуелната сезона.

Објавено:
22 мај 2014
Категорија: 
Сцена