Шерон Стоун магична на шоуто на D&G

11 јули 2022

Се случи магична ноќ на Сицилија. Италијанското дуо Долче и Габана прослави 10 години Alta Moda со спектакуларно модно шоу на кое присуствуваа буквално сите големи ѕвезди од шоу бизнисот.

Хелен Мирен, Сијара, Мараја Кери, Кристијан Бејл, Дру Баримур, Хајди Клум, Моника Белучи, Лупита Нјонго и фантастичната Шерон Стоун, сите облечени во идентитетот на двоецот, го надополнија гламурот со кој D&G ја „храни" модната сцена со децении.

Гостите имаа свое модно шоу паралелно со спектаклот што Стефано и Доменико го приредија на писта, па оваа вечер вреди да се анализира од секој аспект.

Фото: Vogue

Ние би почнале со Шерон Стоун. Кралицата на шоуто. Харизма од жена која и во целата плејада од ѕвезди успеа да го украде вниманието на себе.

Фото: Vogue

Во златен корсет, панталони во впечатлива тиркизна боја, долга наметка насликана со флорални мотиви и широка насмевка на лицето, Шерон и D&G се спој далеку на врвот од каде упатуваат на вистинската уметничка димензија на модата.

Долгогодишно пријателство и бизнис партнерство, кое можеби оваа вечер го достигна својот најсилен блесок.

Фото: Vogue

Погледнете ја атмосферата меѓу гостите кои создадоа момент надвор од оваа земска димензија.

Фото: Vogue

 

Објавено:
11 јули 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.252 пати