Зад сцената на модните недели златното правило е „Побрзај и чекај“, дури и за најславните модели. Меѓу паузите за шминка, фризура, проба на писта, тонска проба, моделите имаат навистина доста време и слободни раце во кои најчесто држат мобилен, но и книги и весници. Странските медиуми кои имаа можност да ја проследат Париската модна недела и зад сцената објавија интересна анкета во која разговараат со неколку познати манекенки и тоа што го читаат.
Карли Клос- „Старецот и морето“ од Ернест Хемингвеј
„Ги сакам класиците, а за време на модните недели имам навистина доста време да одвојам за да прочитам некоја интересна книга, посебно додека патувам. Хемингвеј е многу инспиративен. Исто така го читам септемвриското издание на магазинот Elle, и дневните весници секако!“
Еди Кембел –„Playing to the Gallery“ – Грејсон Пери
„Делото на некој начин е мемоар и дел манифест, а главната тема е уметноста во глобални рамки. Доста е интересна и полна со големи дискусии и идеи“
Паулина Кинг- „The Fault in our Stars“- Џон Грин
„Интересно е што ако влезете зад сцената на модните недели ќе забележите дека сите манекенки читаат на различни јазици. Посебно ако се некои тажни приказни често се случува да се расплачеме, па да мора шминката да се поправа“
Даша Голд- „Злосторство и казна“ од Фјодор Достоевски
„Достоевски е секогаш најдобар“
Ванеса Мудис - Њујорк Тајмс
„Се трудам барем да ги прочитам барем првите страници од весниците секој ден и имам потреба да знам се што се случува. Лесно е да се изгубиш во просторот и времето покрај толку многу ревии и патувања, а мене ми е навистина важно да бидам информирана.