Што му предвиде Скјапарели на Живанши?

28 јануари 2014

schiaparelli-shoe-hat

Банкрот. Дизајнерката верувала дека Хуберт де Живанши нема да опстои ако сам започне свој бизнис.

Имено, своевремено Живанши работел со легендарната италијанска дизајнерка, но во 1952 година се одлучува да продолжи сам.

Елза која почина во 1973 година, не можела да се прилагоди на промените во модната индустрија, кои биле неизбежни после Втората светска војна. Таа престанала да работи во 1954 година.

Неодамна во аукциската куќа Christie’s во Париз, се одржа ден посветен на култната дизајнерка на couture модата, а Хуберт се потсети на некои од моментите кои ги делел со дизајнерката.

„Имаше посебна оригиналност и храброст, беше елегантна, висока дама во одело со шешир на глава и интересен накит. Кога и кажав дека заминувам за да се посветам на сопствениот бзнис, беше бесна и ми каже дека сигурно ќе банкротирам наскоро“, изјави дизајнерот.

Тој додава дека периодот пред војната бил среќен. Исто така, верува дека Елза била пред своето време со единствен дизајн и признава дека влијаела врз неговата работа.

„Во тоа време никој не веруваше во Висока мода, а таа беше многу популарна и модерна“.

На славната дизајнерка се потсети и нејзината внука Марис аБеренсон, која денес е 66-годишна актерка и модел, иако нејзината баба била против манекенската кариера.

„Сакаше да ме заштити и не сакаше во животот да се среќавам со потешкотиите кои таа морала да ги помине. Во тоа време беше многу тешко да се биде жена без маж и често стравуваше“, вели Мариса.

После 60 години надвор од модната сцена, авангардната куќа Скјапарели се врати со колекција претставена на модната недела во Париз минатата година. Оваа историска модна куќа моментално се наоѓа во рацете на италијанската фирма Tod's која ја купи во 2006 година, а за дизајнот е задолжен новиот креативен директор Марко Занини.

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Сцена