Сите грациозни изданија на шпанската кралица за време на официјалната посета на САД

20 јуни 2018

Шпанската кралска двојка, кралот Фелипе и кралицата Летиција, викендов беа во официјална посета на САД.

Од моден аспект, кралицата Летиција е секогаш атрактивна за јавноста и неслучајно носи уште една титула покрај кралица, современа икона на стилот.

Во овој контекст, ова беше возбудлив викенд во кој кралицата Летиција ја видовме во неколку различни, исклучително грациозни изданија.

Беспрекорна во стилскиот избор, шпанската кралица секогаш внимава на пригодата на која присуствува, па и оваа официјална посета не беше исклучок. Секој од нејзините аутфити е прилагоден на поводот, но истовремено доволно шармантен и шик, за да биде забележан и позитивно прокоментиран од модните експерти. Овој пат миди фустаните со нагласен струк беа во фокусот, па кралицата Летиција одбра неколку различни варијанти: фустан во храбра црвена боја, таков со ситен принт, како и дводелна комбинација во бела варијанта.

Последниот ден од посетата беше резервиран за средба со американскиот претседател Доналд Транп и првата дама Меланија. За оваа средба кралицата Летиција одбра миди фустан во минималистички крој, без ракави, во ненаметлива розова боја, повторно со нагласен струк со сребрен ремен. Исто толку префинетата прва дама на САД, Меланија Транп, и овој пат направи софистициран стилски избор – романтичен миди фустан во маслинесто зелена боја, со бели, цветни апликации, а го комбинираше со, за не препознатливите, елегантни високи потпетици.

 Фото извор: Instyle, Harpers Bazaar

Објавено:
20 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.173 пати