Актерската двојка Дакота Џонсон и Џејми Дорнан, завчера беа на премиерата на филмот „50 нијанси ослободени“ (50 shades freed) во Лос Анџелес. По тој повод беше претставен и поп-ап простор, веќе достапен и за обожавателите, каде имаат можност да видат одблиску дел од магијата на филмот, посетувајќи шест различни соби.
Но, она за што најмногу се зборува и два дена по настанот е црвениот фустан на Дакота Џонсон, зад кој се потпишува брендот „Cushine Et Ochs“. Се работи за фустан од колекцијата Pre-fall 2018, наречен „Карина“.
Од „Вог“ ќе речат дека стајлингот на Дакота е вистинска инспирација за претстојниот „Ден на вљубените“.
Џејми Дорнан пак, носи темно одело, во комбинација со патики и бела кошула, стајлинг за кој се погрижи стилистката Џени Јанг, за кој се употребени парчиња од „Ермес“ и „Tod's“.
фото извор: justjared.com; fashionsizzle.com;