Подгответе се за „50 нијанси потемно“

Од вчера, целата светска јавност зборува за првите промотивни видеа, што го најавуваат продолжението на „50 нијанси сива“ - „50 нијаси потемно“.

Иако премиерата се очекува во февруари следната година, сепак обожавателите на првиот дел со нетрпение очекуваа да видат што ќе се случува со  Анастасија Стил и Кристијан Греј, што ги толкуваат Дакота Џонсон и Џејми Дорнан.

Во светските медиуми многу се шпекулираше дека Џастин Бибер ја пее преработката на песната на Бијонсе „Crazy in love“ (која за првиот дел направи посебна бавна верзија). Сепак, машкиот глас што се слуша во трејлерот е на ар-ен-би пејачот Мигел.

Со оглед на тоа дека песните од првиот дел беа дури и поуспешни од филмот, очекувањата за музичката подлога за второто продолжение се големи.

Објавено:
14 септември 2016
Прегледно:
3.609 пати