Скарлет Јохансон и Метју Меконахи се совршен пар во новата реклама на Долче и Габана

10 октомври 2013

Скарлет Јохансон и Метју Меконахи изгледаат како совршен пар во новата реклама за парфемот The One и The One For Men на Долче и Габана.

Скарлет, која одамна соработува со Долче и Габана, во рекламата е вистинска холивудска убавица во црн фустан од тантела со совршена шминка и фризура.

Нејзиниот партнер во рекламата, шармантниот 43 – годишен актер Метју Меконахи, изгледа како совршен заводник од 60 – те, благодарение на неговата фризура и црн костим.

Она што е повеќе од очигледно е дека прекрасната актерка овие денови е исклучително популарна, откако Esquire магазинот ја прогласи за најубава жена на светот.

Ова е втор пат актерката да го добие ова признание, откако во 2006 година за прв пат беше прогласена за најубава жена во светот.

Неодамна актерката ја објави и свршувачката со францускиот новинар Роман Дурак, за кој суптилно ќе каже дека од време на време е љубоморен, бидејќи како што таа милува да рече, љубомората доаѓа со територијата.

Животот навистина мириса убаво за Скарлет, се согласувате нели?

Објавено:
10 октомври 2013
Категорија: 
Сцена