Метју Меконахи со своите деца во кампања на Долче и Габана

19 октомври 2015

Актерот Метју Меконахи ја продолжува својата соработка со италијанската луксузна куќа Долче и Габана, овој пат во кампања заедно со неговите деца, синот Леви и ќерката Вида.

Семејната фотографија е дел од новата рекламна кампања за машкиот парфем The One чие заштитно лице е актерот од 2008-ма година.

Во текот на сите овие године, Меконахи сме го виделе во различни изданија, од харзиматичен заводник до бунтовник со брада, но овој семеен сет заедно со неговите деца е еден од најсимпатичните.

 

Објавено:
19 октомври 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.582 пати