Со своите 77 години Хелен Мирен изгледа како млада девојка на Американско-францускиот филмски фестивал

9 ноември 2022

Иако постојат безјброј пишани и непишани правила за тоа каква облека доликува на одредена возрасна група, сепак постојат и исто толку примери кои се доказ дека годините не треба никогаш да претставуваат пречка во креирањето на стилот.

Безвременските дами како Хелен Мирен се одличен пример дека дури и на 77-годишна возраст можете да изгледате како тинејџер, а сепак тоа да биде постигнато со софистицираност и елеганција.

Фото: express.co.uk

Имено, англиската актерка пристигна во Париз на наградите на американско-францускиот филмски фестивал, во придружба на нејзиниот сопруг, облечена во фантастична креација со младешка силуета и беспрекорна на материјали и детали.

Фото: express.co.uk

Црниот фустан од проѕирна тантела и соодветен кардиган ги спои со бордо чорапи и црни чизми во барокен стил и сребрени детали. Држејќи се до монохроматската естетика, таа носеше црна кожна чанта во рацете, додека сивите прамени ги стилизираше со црна лента за коса.

Изгледот го заокружи со златни висечки обетки, природна шминка и бордо кармин.

 Фото: express.co.uk

Фото: express.co.uk

Фото: express.co.uk

 

 

Објавено:
9 ноември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.713 пати