Хелен Мирен (77) му даде нова димензија на црниот фустан на црвениот тепих
•
22 февруари 2023
Со полна самодоверба 77-годишната холивудска актерка Хелен Мирен зачекори на црвениот тепих на 73-то издание на Берлинскиот филмски фестивал.
На премиерата на биографскиот филм „Golda", во кој славната Мирен ја толкува улогата на Голда Меир, првата израелска жена премиер, таа се појави во елегантен црн фустан во минималистичка естетика, додека косата во брановидна форма слободно ѝ паѓаше на рамената.
Актерката која важи за една со најдобар стил во Холивуд, која патем е и доследна на својот имиџ со години, му даде една нова димензија на црниот елегантен фустан со суптилно откриени рамена, прикажувајќи колку едноставноста може да биде моќна и впечатлива, кога на себе го носите со став и самодоверба.
Фото: Harper's Bazaar