Веројатно ова е големата вест што сите обожаватели на ултра популарната женска група од 90 – тите ја чекаа со нетрпение!
Во гостувањето во емисијата на Џејмс Корден, Мел Би откри дека многу скоро оди на турнеја заедно со останатите девојки од Спајс грлс, вест која наиде на огромно воодушевување кај нивните обожаватели.
На прашањето дали и Викторија Бекам ќе им се придружи, таа одговори дека не е сигурна во тоа и дека сигурно ќе дојде на некој од концертите.
Дел од емисијата беше и популарната актерка Оливија Мун кој даде идеја дека на секој концерт би можела да ја заменува некоја популарна личност.
Ако веста за нивната турнеја е вистинска, тогаш ова ќе биде нивно прво заедничко појавување од турнејата Viva Forever од 2007 – мата година.
Девојките од групата последно настапија заедно во 2012 година на Олимпијадата во Лондон. Оттогаш, во медиумите постојано се шпекулира дека популарната група наскоро ќе оди на турнеја, па да видиме дали овојпат тоа е вистина.