Специјален оскаровски едиторијал на Марк Селигер
•
6 март 2014
Се чини дека оскаровската еуфорија ќе не држи подолго отколку што можевме да замислиме. Секој на свој начин ја доживеа манифестацијата, а богами и забавите кои се одржаа после тоа оставија силен впечаток. Со цел да им ја направи ноќта незаборавна фотографот Марк Селигер одлучи за време на забавата која ја одржа Vanity Fair, да постави своја сценографија и таму за секоја ѕвезда да направи специфичен портрет. Целта на Марк била да го овековечи не само 86-тото издание на Оскарите, туку да го долови гламурот на оскаровската ноќ, но и безвременскиот и модерен начин на кои што го доживуваат токму славните личности, за кои впрочем и се организира оваа толку почитувана и очекувана манифестација.