Среќен роденден Том Круз

3 јули 2023

Тој е еден од најпознатите и најплатените актери на денешницата, а денес ја раситнува седмата деценија. 

Том Круз е роден на денешен ден 1962-ра година, во Њујорк, а интересно за неговото детство е што постојано менувал училишта поради селење.

Круз има добиено три Златни глобуси, почесна Златна палма во Кан и четири номинации за најпрестижната филмска награда Оскар.

Неговата плодна кариера започнува во 80-те, со улогите во комедијата 1980s Risky Business (1983) како и блокбастерот Top Gun (1986) со којшто Том стекнува голема слава.

Еден од позначајните филмови за кој има и номинација за Оскар е Born on the Fourth of July (1989), каде што портретира вистински ветеран Рон Ковиќ, американец со хрватско потекло.

Тука мора да ги споменеме одличниот A Few Good Men (1992), трилерот The Firm (1993), хоророт Interview with the Vampire (1994), како и романсата Jerry Maguire (1996), по што можеме со право да кажеме дека Круз се има испробано во речиси секаков жанр.

Сепак можеби она што најмногу му лежи се акционите филмови. Неговиот лик Итан ѝ даде смисла на франшизата Mission Impossible која што се состои од вкупно шест филмови снимани во периодот од 1996 до 2018.

Ланскиот римејк на Top Gun: Maverick нè потсети на неговата легендарна улога од првиот дел којшто се сними пред речиси 30 години.

Круз не го заобиколуваат контроверзии, а најмногу е мета на критики поради големата поврзаност и пропагирање на Скиентологијата.

Том беше три пати во брак, со три актерки Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс. Со Кидман посвоија две деца, додека со Холмс имаат билошка ќерка.

Секоја негова појава на црвениот тепих е стилски беспрекорна, а неговата густа и сјајна коса му е голем адут.

Во чест на роденден издвојуваме дел од стилот на Круз низ годините.

 Фото: Pinterest

Објавено:
3 јули 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
203 пати