Стилски непресушна инспирација - Шиона Турини

27 декември 2014

Кариерата ја започнува во PR службата на Ив Сен Лоран, продолжува како модна директорка за CR Fashion Book на Керин Ројтфелд, уредничка на модните додатоци за магазинот W,  директорка за модните додатоци на Teen Vogue, а моментално е модна директорка во Космополитен.

Покрај завидливото портфолио, Шиона е препознатлива и по уникатните изгледи. Покрај тоа што поседува голем број винтиџ парчиња од Сен Лоран, сепак во нејзиниот гардеробер застапени се парчиња од разни модни куќи. Нејзиниот стил на кратко може да се опише како смел и оригинален, благодарение на миксот на елеганцијата, сексапилот  и женственоста.  Во последно време омилени и се миди здолништата кои обожава да ги комбинира со спортски топови, со еклектични принтови и јаки бои. Уникатна во секој поглед и токму затоа запомнете го нејзиното име, бидејќи Шиона тек почнува да го освојува модниот свет.

Објавено:
27 декември 2014
Категорија: 
Сцена