Тамара Тодевска викендов беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал „Кенга Маџик" во Тирана, Албанија.
Таа ја изведе нејзината нова песна „Monsters", авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а текстот е на Коста Петров.
„Ви благодарам „Кенга Маџк" за признанието за најдобар интернационален артист. Бескрајно ми значи. Ја посветувам оваа награда на моето семејство, на мојот сопруг и на сите што се покрај мене сите овие години", изјави Тамара по поводот.
На сцена Тамара изгледаше светски, како што доликува на еден интернационално препознаен артист. Беше стилизирана во екстравагантна, црна тоалета од Елена Лука со волумензони ракави и длабоко деколте, што совршено ѝ прилега и апсолутно го освои внимането на публиката и пофалбите од стручната јавност.
Инаку Тамара периодов работи на својот трет студиски албум, а во најава е и видео запис за „Monsters" до крајот на годинава.
Фото: Фејсбук Фан страна Тамара Тодевска