Вчеравечер во Кенсигтон Палатата во Лондон се одржа хуманитарниот настан Winter Whites Gala каде прекрасната Тејлор Свифт изгледаше како од бајките.
23 – годишната пејачка го „украде“ целото внимание на присутните на шоуто во неверојатниот долг фустан и беспрекорната шминка и фризура.
Присутните на Winter Whites Gala само за да присуствуваат на свечената вечера требаше да платат околу 500 долари, што секако беа наменети за подобрување на животот на бездомниците на возраст од 16 до 25 години.
Еден од најинтересните моменти на вечерта беше оној кога неверојатниот Џон Бон Џови ја изведе Livin' on a Prayer и кога на сцената ги повика и му се придружија Тејлор Свифт и принцот Вилијам.
На свечената гала тој присуствуваше без својата сопруга, војвотката Кетрин која како што тој соопшти, морала да се грижи за нивниот 4 – месечен син.
Гала вечерта беше исполнета со прекрасна музика, настапи на некои многу познати ѕвезди, и дружење со некои од највлијателните луѓе од џет сетот.
Сите присутни ја искористија и можноста да се сретнат со принцот Вилијам и на кратко да поразговараат со него, а се чини дека најголем впечаток му остави шармантната Тејлор Свифт.