Замокот Виндзор вчеравечер беше местото каде што се собра гламурозната елита на гала вечерата што ја организираше принцот Вилијам.
Гала вечерата на која присуствуваа некои од најголемите ѕвезди на денешницата, меѓу кои и актери, модели, фотографи и бизнисмени, се одржа во чест на работата на Ројал Марсден болницата каде принцот Вилијам е претседател, а дизајнерот Ралф Лорен главен спонзор.
Вечерта, Лорен објави дека ќе донира средства со кои ќе се овозможи отворање на нов Центар за рак на дојка во рамки на болницата.
Многубројните гости вечерата ја започнаа со прием во дворецот каде беа послужувани разни пијалоци и каде се водеа разговори со принцот, за потоа да се префрлат во главната сала каде беше послужена свечената вечера.
Меѓу гостите, се чини најголемо внимание привлекоа прекрасните манекенки Кејт Мос која на приемот пристигна со нејзиниот сопруг Џејми Хинс и Кара Делевињ, како и актерките Ема Вотсон, Кејт Бланшет, Хелена Бонам Картер, девојките од серијата Даунтаун Аби, фотографот Марио Тестино и многу други.
Иако на вечерата сите ја очекуваа веќе прогласената модна икона, сопругата на принцот, Кејт Мидлтон, таа не се појави со објаснување дека останала дома со малиот принц.
Во продолжение погледнете ги гламурозните фотографии од луксузниот прием во магичниот Замок Виндзор и гостите кои беа дел од хуманитарниот настан.