Меланија Трамп уште еднаш покажа дека е кралица на елеганцијата

5 јуни 2019

Доналд и Меланија Трамп во понеделникот пристигнаа во Лондон, по што се упатија во Бакингемската палата, каде ги очекуваше кралицата Елизабета Втора. 

По официјалниот прием, кралицата организираше свечена вечера, на која се појави и Иванка Трамп со семејството, но и Вилијам и Кејт.

Сепак, вниманието повторно отиде кај Меланија Трамп. Таа за оваа пригода одбра бел фустан од брендот „Диор“. Креацијата ги следи линиите на телото, а првата дама на САД одлучи да го заокружи стајлингот со сатенски ракавици, што беше знак дека ја почитува британската традиција, а и чекор на кој се одлучија претходно и Мишел Обама, но и Лара Буш и Џеки Кенеди. 

Иванка Трамп се одлучи за долг и раскошен пастелно син кошула - фустан, украсен со монистра и ремен, а изгледот е надополнет со бисерен ѓердан.

Кејт Мидлтон малку ја разочара јавноста, појавувајќи се во фустан на Александар Меквин. Се работи за креација која повеќе се приклонува кон кралската традиција, отколку на трендовите. 

Освен кај кралицата, семејството Трамп беше на свечена вечера и прием кај принцот Чарлс и Камила. 

Меланија овој пат блесна во креација на модната куќа „Живанши“ во црвена боја. Дискретните дијамантски обетки и брановидната фризура го надополнија изгледот, а првата дама уште еднаш покажа дека е кралица на елеганцијата.

Иванка го следеше нејзиниот пример, појавувајќи се во бела асиметрична креација која ја истакнува нејзината совршена линија на телото, а со потпис на „Сафија Кора“.

 

Која креација на Меланија повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
5 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.850 пати
Извор: 
daily mail