Темната страна на Хајди Клум

8 април 2016

По повод петтиот роденден на магазинот Hunger, познатиот супермодел Хајди Клум ја покажа својата „темна страна" во фотосесијата со артистичен доем, што ја фотографираше самиот основач на магазинот, Ранкин.

На фотографиите Клум позира во црн, сексапилен фустан во мистичен амбиент, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот перфектен изглед и одличната фигура на која може да се восхитуваат и далеку помладите модели.

Фотографиите го надополнуваат интервјуто на Хајди Клум која во повеќе наврати до сега се фотографирала за магазинот, а истото во целост може да го погледнете на hungertv.com.

Објавено:
8 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
719 пати