Тие се апсолутно најдобри пријателки и модни блогерки

29 септември 2014

Тие се модни блогерки и најдобри пријателки. Привлекуваат внимание со секоја своја појава и се често гости на фотографиите на уличните фотографи. Станува збор за Енчиу и Елина Танаса.

Пред неколку години пријателките заедно отворија агенција за односи со јавност, која нуди и организирање на настани, а потоа следеше основањето и на модниот блог „Fabulous Muses“. Поткрепени со искуство и одличен стил, одржувањето на модниот блог за нив не претставува никако проблем, туку напротив предизвик во секој поглед.

Потребно е само еднаш да го погледнете нивниот блог и ќе ви стане јасно дека Дијана и Елина се феноменални претприемачи и речиси нема бренд со кој не соработувале како стилистки, блогерки или модни консултантки. Тоа што воодушевува кај овие две стилски индивидуалки се нивните фотографии што буквално ќе ве остават без зборови, а се и доказ за инвентивноста, креативноста и довербата која брендовите им ја препуштаат за промоција на сопствените креации. Во продолжение погледнете дел од прекрасните фотографии на Дијана Енчиу и Елина Танаса.

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Сцена