Тинејџерка го претвори хобито во милионски бизнис

24 април 2014

Тинејџерката од Северна Калифорнија своето хоби го претвори во милионски бизнис, постирајќи видеа од купените модни парчиња и додатоци од одењето на шопинг, а тоа допринесе до создавање и на сопствена модна линија.

Нејзе ја пратат пет милиони луѓе на Youtube и два милиони на Инстаграм, а својата популарност помеѓу тинејџерите ја стекнува откако почнала да поставува видеа од направените шопинзи како начин за надминување на тешкиот период, откако била жртва на сајбер злоупотреба.

„Не сакав да го напуштам домот и не сакав да се гледам со луѓето. Моите следбеници се мои пријатели“ – изјавила Бетани. Во продолжение ние ќе ви понудиме едно од нејзините многубројни видеа.

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Сцена