Тоалети за црвен килим или матурска вечер?

8 април 2014

49th Annual Academy Of Country Music Awards - Arrivals

На оваа манифестација присуствуваат голем број музичари и фанови на кантри музиката, но сликата на црвениот килим повеќе наликуваше како навраќање во средношколските денови, поточно матурската вечер, отколку на настан од сериозен калибар.

slide_344438_3589293_free

Миранда Ламберт се појави во фустан во беж нијанса во сирена форма од Ранди Рахм, Фејт Хил во креација од Сен Лоран со длабоко V деколте, Кели Пиклер изгледаше впечатливо во тоалета од Ромона Кевеза со ремен со кристали од Сваровски и Тејлор Свифт како и секогаш, така и овој пат блесна во црно – бела креација, односно краток топ и црно здолниште со длабок шлиц.

49th Annual Academy Of Country Music Awards - Arrivals

Манифестации од ваков тип со себе наметнуваат и одреден дрес код, но овој пат целокупниот впечаток се сведува на малку пониско ниво, поради преовладување на тоалети кои дефинитивно изгледаат како наменети за матурантки, отколку за настан кој со себе наметнува гламурозен предзнак.

Објавено:
8 април 2014
Категорија: 
Сцена