Топол ангелски поздрав од Порторико

12 јануари 2015

Овој пат Порторико беше дестинацијата која ги пречека преубавите манекенки на Викторија Сикрет, кои на неколку денови заминаа од зимското студенило на егзотичен остров, кој е всушност и местото од каде што потекнува Џоан Смoлс. Во продолжение ќе ви презентираме фотографии од снимањето на кампањата за новата линија костими за капење, која сеуште не е официјално лансирана на пазарот. Покрај Џоан, дел од кампањата беа и Адријана Лима, Бехати Присло, Кендис Сванпул, Алесандра Амбросио и Лили Алдриџ.

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Сцена