Секси страната на фудбалот
Ангелите на Викторија Сикрет излегоа на зелениот терен да ја снимат новата реклама за претсојниот „Супер Бол“ закажан за 1-ви февруари.
Облечени во црвено-бели рагби дресови, неодоливо сексапилните супермодели ја загреваат атмосферата пред големиот спортски настан порачувајќи: „Don’t drop the ball“ (Не ја испуштај топката), како водечки слоган на кампањата.
Прв пат после 2008-ма година, ангелите се ангажирани за кампања на „Супер Бол“ со што возбудата во очекувањето на настанат станува уште поголема.
Дури и ако не сте многу заинтересирани за американскиот фудбал, сепак Адријана Лима, Кендис Свенпол, Доуцен Крос, Лили Алдриџ и Бехати Принсло се доволен предизвик да го погледнете видеото.
Објавено:
22 јануари 2015