Трудничкиот стил на Џесика Алба

8 август 2017

Откако минатиот месец објави дека е бремена со своето трето дете, една од најобожуваните холивудски актерки Џесика Алба, е особено интересна за медиумите што го следат нејзиниот труднички стил.

Со оглед на тоа дека важи и за една од најдобро облечените дами во шоу бизнисот, а на ова го додадеме и нејзиното претходно искуство со претходните две деца, Алба е навистина инспиративен стилски пример за сите жени што се во блажена состојба.

Пријатната и удобна облека се приоритет во нејзиниот избор, но тоа апсолутно не значи занемарување на стилската, женствена и префинета страна на нејзиниот имиџ. Напротив, таа совршено сето тоа го комбинира во еден перфектен „мама стил".

Макси и слип фустани, како и оние со романтични кроеви со карнери се нејзините фаворити.

Фото: Splash News

 

Објавено:
8 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.510 пати