Твиги: Никогаш нема да ставам ботокс

25 јули 2013

Шеесетипетгодишната Твиги во ексклузивното интервју за магазинот „Good Housekeeping“, зборуваше за хирушките зафати, но изрази незадоволство кон ботоксот , за кој смета дека од луѓето прави „грдотии“. Иако вели дека никогаш не го користела, другите хирушки зафати не ги исклучи.

„Досега на своето тело ништо не сум правела, но не значи дека нема. Единствено се противам на вбризгување Ботокс во лице и усни. Луѓето што тоа го направија изгледаат ужасно. Тоа е опасно“, изјави таа.

Твиги исто така го откри и своето мислење за диетите.

„Мислам дека диетите не функционираат долготрајно, затоа што се откажувате од работите кои ги сакате. Инаку, многу сакам леб и точно забележувам дека од него се дебелеам. Ќе го оставам недела дена и мојот стомак е веднаш помал. Сепак, секогаш му се враќам“, искрена е Твиги.

Манекенката која стана заштитно лице на лондонската мода во 1966 година, кога со само 16 години подоцна стапна на писта, и денес е една од највлијателните жени во оваа индустрија. Манекенките и денес зборуваат за Твиги ефектот, верувајќи дека таа ги инспирирала  жените во 1960-тите години да се облекуваат многу поубаво.

Твиги, чие вистинско име е Лесли Лосон, има ќерка од првиот брак со актерот Мајкл Витни, кој почина во 1983 година. Како вели, таа и ќерката се најдобри пријателки.

„Мојата ќерка Карли има 34 години и таа е мојот најдобар пријател, особено сега, кога е возрасна жена. Знае многу да ме насмее. Се омажи ова лето, и можам да ви кажам дека едвај чекам да станам баба“, вели легендарната манекенка.

Објавено:
25 јули 2013
Категорија: 
Сцена