Уличниот стил на Моника Белучи

9 ноември 2015

Покрај фактот што изгледа совршено на црвениот килим, особено периодов кога е актуелна со улогата во блокбастерот за најпознатиот агент, Џејмс Бонд „Spectrum", Моника Белучи има и беспрекорен уличен стил.

Една од најубавите жени во светот која се носи одлично со своите години и не се плаши од предизвикот на процесот на стареење, во својот неформален уличен стил честопати знае да направи комбинација помеѓу женственоста, елеганцијата и опуштениот и лежерен изглед.

Најчесто нејзин избор се монохроматски црни или бели комбинации, што вклучуваат елегантни здолништа во комбинација со кошули, класични костуми или макси фустани.

Шминката е секогаш сведена на минимум со приоритет на природниот изглед што таа секогаш го пропагира.

Објавено:
9 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.546 пати