Урбани и лежерни комбинации на црвениот килим на „Sundance“

26 јануари 2016

Традиционалниот фестивал на независен филм „Sundance" кој се одржува во американската држава Јута, покрај селекцијата на одлични филмови, е препознатлив и по нестандардниот црвен килим каде гламурот, вообичаен за вакви манифестации, е заменет со урбани изгледи кои многу повеќе потсетуваат на сензибилитетот на уличната мода.

Годинава се одржува од 21 до 31 јануари, а во рамките на неговата програма ќе бидат прикажани 123 долгометражни филмови од 37 земји во светот, од кои 49 се филмиски првенчиња.

Помеѓу бројните познати гости, на црвениот килим во лежерни, а сепак шик комбинации ги видовме и: Лили Роуз Деп, Кристен Стјуард, Џон Леџенд, Криси Тајген и уште многу други актуелни имиња.

Објавено:
26 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
168 пати