Венециски филмски фестивал стартуваше со гламур на црвениот килим

29 август 2019

Со проекција на филмот „Вистина“ на јапонскиот режисер Хироказу Коре-едa, започна 76. издание на најстариот филмски фестивал во Венеција.

На проекцијата секако ѝ претходеше дефиле на црвениот килим, а ако судиме по првиот ден, во наредните денови ќе гледаме вистинско модно шоу.

Меѓу оние што најмногу привлекоа внимание беше моделот Иман, која се појави во впечатлива, екстравагантна креација на „Валентино“, каде доминираат принтовите и пердувите.

Според она што го видовме, моделите дефинитивно оваа година оставаат фантастичен впечаток, па така Кендис Сванпул и Елса Хоск беа едни за кои најмногу се зборува ден-потоа.

И двете носеа креации на „Етро“, кои фантастично ја истакнуваа нивната фигура и со тоа оставија силен впечаток.

Елса Хоск

Кендис Сванпол

Иако од сосема друга генерација, со своето присуство и изглед, првата вечер од филмскиот фестивал ја збогатија и Кетрин Денев и Жулиет Бинош. 

Денев се појави во црни панталони, маичка без ракави и впечатлив елек во портокалова боја со потпис на Жан Пол Готје. Прекрасната Бинош пак, блесна во креација на Armani Prive.

Инаку, освен модата, она што се зборува ден потоа е и селекцијата на филмовите. Фестивалот се соочи со критики дека се претвора во платформа за атрактивни наслови и дека програмата оваа година изгледа како „предпремиерен штанд на Оскарите“, а сè поради тоа што во наредните десет дена ќе бидат прикажани филмот за Џокер со Хоакин Феникс, потоа научнофантастичната драма „Ад Астра“ со Бред Пит, како и две остварувања на „Нетфликс“ „Брачна приказна (Marriage Story)“ со Скарлет Јохансон и „Перална (Laundromat)“ со Мерил Стрип.

„Не знам кои филмови точно се сметаат за блокбастери, таа дефиниција е многу општа и понекогаш им се додава и на некои големи дела. Не можам да кажам дека блокбастери се филмови кои јас ги сакам или не ги сакам“, изјави по тој повод претседателката на главното жири, Лукресија Мартел.

Овие и уште 16 други (вкупно 21) се во конкуренција за „Златен лав“, па ќе биде интересно да се види крајниот резултат.

Во исчекување на нови модни и филмски приказни од овој престижен фестивал, во продолжение погледнете како изгледаат останатите на црвениот килим:

 Марта Хант во „Алберта Ферети“

Софија Ричи во „Twinset“

Исабели Фонтана во „Алберта Ферети“

Мел Би

Барбара Палвин во „Армани“

Алесандра Мастронарди во „Armani Prive“

Стејси Мартин во „Луј Витон“

Ни Ни во „Гучи“

Габриел Конесил во „Рами Кади“

Николас Холт

Јасмин Сандерс во „Twinset“

Лејди Кити Спенсер во „Ермано Скервино“

Никол Варн

Елеонора Кариси во креација на Валдрин Сахити

Лоредана Саланта во креација на брендот „Fouad Sarkis“

Зонг Чукси во креација на „Armani Prive“

Вера Аривабене

Кет Грам

Исабела Ферари

Џулија Валентина

Елизабет Сулцер

 

 

Објавено:
29 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.969 пати