Видео: 73 брзи прашања за Сара Џесика Паркер

13 март 2014

Актерката Сара Џесика Паркер , која својата слава ја стекна благодарение на мега хит серијата „Сексот и градот“, каде таа ја игра улогата на новинарката Кери Бредшо, му ги отвори вратите од својот дом  на американски Vogue, одговарајќи на 73 кратки прашања за време од само пет минути. „Невозможна мисија“ со среќен крај.

Сара во интервјуто открива дека во њујоршкото соседство живее веќе 13 години, Њујорк според неа е најубав во есен, а својот живот во „Големото јаболко“ би го опишала како симфоничен, минијатурен и вистински. Нејзиниот омилен филм носи наслов „The way we were“, а омилена книга и е „Prayers for the stolen“. Во поглед на технологијата признава дека омилен модел на телефон и е Blackberry, а најактивна е на Инстаграм социјалната мрежа.

Во поглед на храната најмногу сака да јаде печено пилешко месо во италијански сос, а од пијалоците најмногу ужива кога пие Кока Кола. Најдрага и е улогата на мајка, а најтешката работа во извршувањето на истата е еднакво, правилно и продуктивно поминато време со своите деца. Доколку би се снимила песна за нејзиниот живот, би се викала „Cheer up somebody“ и Сара би ја пеела во дует со Дорис Деј. Омилен музички инструмент и е пијаното, кое го има во нејзиниот дом. Нешто што најмногу и се допаѓа од декоративните елементи кои ги има дома се светечките глобуси.  Од животните најмногу ги обожава кучињата и делфините, а најубавиот подарок кој некогаш го добила се нејзините деца.

Историска личност со која би испила една силно црно кафе е американско-канадската новинарка, авторка и активистка Џејн Џејкобс, а на листата омилени земји и е Грција. Најдрага боја и е сината, а преферира дијаманти пред бисери, пилатес пред јога и пливање пред џогинг. Кога би била суперхероина сака да поседува моќ која ќе и овозможи патување низ времето.

Ова се само дел од прашањата на кои одговори Паркер. За да дознаете уште нешто плус во продолжение погледнете го видеото и видете колку е непосредна, опуштена и едноставна оваа прекрасна актерка.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Сцена