Видеото од паѓањето на Селена Гомез на SAG наградите стана вирално

28 февруари 2022

Во шоу-биз светот, денеска една од најактуелните вести се SAG наградите. Но, освен наградите и комбинациите на сребрениот килим, веројатно најмногу се зборува за падот на Селена Гомез.

Имено, актерката и пејачка, се сопна додека чекореше по килимот и падна. На дел од фотографиите се гледа дека некако успеала со потпетиците да ја свитка ногата, а за да се крене, веднаш ѝ помогна еден од момците од обезбедувањето. За среќа, нема никакви повреди, како пренесуваат медиумите, но сепак оваа случка беше доволна за Гомез да не посака да ризикува.

Токму затоа, остатокот од вечерта, а и при појавувањето на сцената за да додели награда, го помина чекорејќи боса.

На една фотографија се гледа како таа стои во друштво на Кит Урбан и Никол Кидман, која исто така е боса - дали од солидарност или едноставно високите потпетици ѝ предизвикале и неа проблем - не е познато, но го привлече вниманието на јавноста.

Многумина го поздравија чекорот на Селена да излезе боса на сцената, па така таа успеа неубавото искуство од почетокот на вечерта, да го претвори во нешто што ќе предизвика симпатии и преку кое ќе порача дека без разлика на популарноста - на крајот, сите се само луѓе.

Објавено:
28 февруари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
16.619 пати