Вивијен Вествуд ја откри емоционалната злоупотреба од поранешниот сопруг

23 септември 2014

Британската дизајнерка Вивијен Вествуд се отвори емоционално. Таа откри дека поранешниот сопруг, Малком Мекларен  и татко на нејзиниот син, емоционално и физички ја злоупотребувал.

-Бидејќи почина, не ми пречи да кажам: тој се однесуваше многу сурово, професионално, приватно, буквално на секој начин, открива дизајнерката во мемоарите што наскоро ги објавува.

-Тој никогаш не излегуваше од нашиот дом без да ме расплаче, сакаше да се чувствувам лошо или слично на тоа, мислев дека сакаше да почнам да „плукам крв“, едноставно не се запираше, раскажува Вествуд.

Исто така и синот на дизајнерката, Џо Кор објаснува дека и неговата врска со татко му не била идеална.

-Тој беше ужасен силеџија. Сакаше мајка ми постојано да плаче за тој да може да се чувствува како што ќе посака, раскажува Кор.

Ова воедно ќе бидат и првите мемоари некогаш напишани од неа, а својата доверба да ја раскаже нејзината животна приказна, му припадна на  пријателот  и познат биографичар, Јан Кели. Мемоарите ќе направат осврт на рзвојниот пат на нејзината кариера, од тоа кога била наставничка во основно училиште, до моментот кога станува едно од најпознатите и најбунтовничките дизајнери.

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Сцена