Во гардероберот на Оливија Палермо

5 јули 2013

Оливија Палермо е олицетворение на современата модна икона. Нејзиниот раскошен и индивидуален стил, за кои веќе сме пишувале, е предмет кој привлекува силно внимание не само во Њујорк, туку и на места ширум светот. Таа полага голем труд во еклектиката на нејзиниот физички изглед и го надополнува со автентичен избор на модни додатоци. Оваа млада дама е честа мета на модните критичари, и на нејзино големо задоволство критиките ретко кога биле негативни. За сите љубопитни погледи денес ги отвораме вратите од нејзиниот плакар на мечтите.

 

 

Впрочем како и повеќето луѓе така и Оливија има цела соба полна со модни богатства. Изобилието од дизајнерски креации го преплавува орманот од спалната соба на ѕвездата, која наликува на луксузен бутик. Сред  совршениот моден хаос од мебел, уметнички слики, камин расфрлани се најразлични модни искушенија, детали и предмети.

 

 

Првиот впечаток е дека плакарот на Палермо е уреден како аптека, за да може лесно да се детектираат секојдневните рутини во градењето на нејзиниот стил. Во интервју за магазинот Grazia, таа изјави дека внимателно ја комбинира облеката и ја закачува. Уште една интересна занимливост е тоа што таа користи посебна листа, каде ги одбележува дизајнерските креации кои ги поседува.

 

 

Во нејзиниот орман најмногу можат да се видат фустани и блејзери, а најмногу е позната по нејзиниот афинитет кон панталоните во риги. Кралството од  чанти, чевли и фантастични парчиња накит се само дел од компонентите кои ја надополнуваат нејзината богата модна приказна. Па, нели, цело е кога има сè?

 

 

 

Објавено:
5 јули 2013
Категорија: 
Сцена