Во мајчинскиот свет на Коко Роша

22 април 2015

Една од најмаркантните жени во модната индустрија, манекенката и модел Коко Роша оваа пролет го прошири своето семејство со нејзиниот сопруг Џејмс Конран со нивното прво дете.

По тој повод дизајнерскиот тим One Kings Lanea ja дизајнираше најнеобичната детска соба за новиот член на семејството, директно пресликана од фантазијата на преубавата мама.

Наместо типичната розова боја, безбројните мечиња и детски играчки, новото омилено катче на Коко Роша е олицетворение на поп арт стилот прилагоден на нејзиниот рустичен дом, украсен со модернистички колекционерски парчиња и црно-бели декоративни елементи кои преовладуваат во ентериерот.

Резултатот е разиграна и шик детска соба за нејзината ќерка Џејмс, која воопшто не потсеќа на клише-детските катчиња за принцези, туку напротив доминира со својата уникатност и пријатност. Коко одбра нејзиното девојче да расте во свет на модернизам и грефички елементи кои совршено се вклопуваат во целиот амбиент.

 

Објавено:
22 април 2015
Категорија: 
Сцена