Коко Роша и Џејмс Конран го очекуваат своето прво дете

7 октомври 2014

Супер моделот Коко Роша објави дека го очекува своето прво дете. На социјалната мрежа Инстаграм во понеделникот дваесет и шест годишната манекенка напиша дека таа и нејзиниот сопруг Џејмс Коран го очекуваат своето прво дете.

„Апсолутно сме воодушевени и навистина ни е чест да најавиме дека по четири прекрасни години брак, ние го прошируваме нашето семејство и го очекуваме нашето прво дете кое треба да се роди напролет наредната година“, беше напишано под фотографијата, после која следуваше и кратко видео каде Роша е облечена во балерински костим во беж боја, а камерата со својот објектив врти околу стомакот и во еден момент го зумира фокусот токму на стомакот каде се појавува порака на која пишува „Бебето Конран Пристигнува во пролет 2015“.

Имено, Коко и Џејмс стапија во брак во 2010 година, на свои 22 години. Во 2012 година во едно интервју вели дека не е спремна да има дете, бидејќи моментално е фокусирана на нејзината кариера како модел.

Објавено:
7 октомври 2014
Категорија: 
Актуел