Уште точно една недела и Меган Маркл и официјално ќе се збогува со титулата „Војвотка од Сасекс“. Ова беше повод магазинот „Вог“ да направи селекција на најдобрите модни идзанија на Маркл од времето кога таа беше член на кралското семејство.
За потсетување, актерката изврши големо модно влијание. Речиси секое модно парче во кое ќе се појавеше, се продаваше во најбрз можен рок.
Уште од нејзиниот избор на венчаница, за што ја ангажираше модната куќа „Живанши“, а не некој британски моден дизајнер или бренд, таа најави дека ќе биде поинаква.
И така и беше. Нејзиниот моден јазик подразбираше елеганција и сексапил, а тоа уште повеќе го нагласи во последните појавувања, за време на последните должности како Војвотка од Сасекс.
Да се направи список на нејзините најдобри модни комбинации не е воопшто лесно, бидејќи таа речиси беше модно беспрекорна. Сепак, погледнете ја листата на „Вог“ и креациите во кои Меган изгледала најдобро и највпечатливо, со доза на модна бунтовнос:
1. Втората венчаницата со потпис на „Стела Макартни“, мај 2018

2 Венчаницата со потпис на „Живанши“, мај 2018


3. Беж фустан со ремен на „Живанши“, јуни 2018

4. Елегантниот тегет фустан со ремен на „Диор“, јули 2018

5. Жолтиот тесен фустан со потпис на Брендон Максвел, јули 2018

6. Мантил фустан од брендот „Nonie“, јули 2018

7. Црниот сако-фустан од брендот „Judith & Charles“, август 2018

8. Транспарентна кошула и здолниште од „Живанши“, септември 2018

9. Долгиот син фустан од „Safiyaa“, октомври 2018

10. Кариран двореден мантил од Карен Вокер, октомври 2018

11. Нежниот фустан до птици од „Оскар де ла Рента“, октомври 2018

12. Фамозното зелено кожно здолниште и кошула од „In & Other Stories“ и „Hugo Boss“, октомври 2018

13. Долниот црно-бел фустан со светки од „Safiyaa“,ноември 2018

14. Фантастичниот асиметричен фустан од кадифе со потпис на „Givenchy Haute Couture“, декември 2018

15. Зелениот тесен фустан и капут во иста нијанса од „Викторија Бекам“, декември 2018

16. Темносин светкав фустан од Роланд Муре, јануари 2019

17. Цветниот син фустан од „Каролина Ерера“, февруари 2019

18. Класична бела кошула и црно долго тесно здолниште со шлиц од „Живанши“, февруари 2019

19. Темнозелен фустан и капут со апликации од монистра на „Ердем“, март 2019

20. Женствениот бел фустан со принт и бел капут од брендот „Викторија Бекам“, март 2019

21. Белиот мантил-фустан од „Волес Бонер“, мај 2019

22. Виолетовиот миди фустан од „Aritzia“, октомври 2019

23. Тиркизниот тесен фустан од „Викторија Бекам“, март 2020

24. Црвениот долг фустан со потпис на „Safiyaa“, март 2020

25. Смарагдно зелениот фустан на „Емилија Викстед“, март 2020

фото извор: instagram.com - @meghanmarkle_official; @hrhofsussex;




