Ако сакате хумус и згодни, секси момци кои уште повеќе ќе ви го разубават денот, тогаш денеска ви го презентираме последниот хит кога е Инстаграм во прашање.

Во моментов, профилот со наслов „Згодни момци и хумус“ има повеќе од 22.000 следбеници, а добива нови со секој поминат ден.

На овој Инстаграм профил, сѐ што ќе најдете се згодни момци кои јадат хумус во најразлични варијанти. Профилот едноставно е наречен Hotdudesandhummus, а девојките можат да уживаат во фантастичните фотографии кои се објавуваат речиси секој ден.

По профилите на кои можевме да видиме како згодни момци се возат во метро и читаат книги, како пијат вино и јадат италијанска храна, сега ќе уживаме во згодните момци кои обожаваат хумус.

Доколку сѐ уште не го следите нивниот профил, овој петок е вистинското време за тоа!

 

Објавено:
27 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
846 пати