На вториот ден од посетата на САД на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, Меланија Трамп се чини го задржа сето внимание.
Имено, на средбата таа се појави во фантастичен бел костим од Мајкл Корс, комбиниран со голема бела шапка специјално изработена од нејзиниот стилист Херв Пјер.
Социјалните мрежи беа преполни со фотографии на кои корисниците ја споредуваа Меланија Трамп со ликот на Џад Ло од серијата „Младиот папа“, други со Бијонсе во видеото „Formation“, а некои пак со ликот на Оливија од серијата „Скандал“.
Ванеса Фридман од „Њујорк тајмс“ има добро објаснување зошто е тоа така.
„Оваа споредба се чини е најсоодветна или можеби најинтересна. Кога Оливија ја носеше белата шапка во серијата, таа секогаш сакаше да покаже дека е една од добрите луѓе“, вели модната уредничка.
Меѓу синонимите на белата шапка се добрината, восхитот, честа...На Дивиот запад, добрите момци носеле бели шапки, додека лошите црни. Денеска се чини, се случува истото.
Можеби пак, на првата дама на САД едноставно и се допаднала шапката и решила да ја комбинира со беспрекорниот Мајкл Корс костим, кој патем, и прилегаше совршено.
Имено, белата боја е омилена на Меланија Трамп. Досега многупати можевме да ја видиме во бели парчиња во кои како и секогаш, изгледа одлично.
Си-Ен-Ен пишува дека белата боја го симболизира правото на глас на жените, независноста, славењето на себеси.
Се чини токму тоа и сакаше да го покаже првата дама на САД. Тивко, со само еден потег да покаже дека навистина вреди, дека ги подржува жените, дека е независна и покрај се и сосема на крај, дека совршено и прилега бело!