Деловна +50 мода на улица

16 ноември 2018

Улиците се раскрсница каде се спојуваат сите нивоа на модата. Кежуал, раскошен, минималистички, класичен, деловен стил – секое лице на визуелниот израз на личниот имиџ има своја верзија и во уличната мода.

Вниманието ќе го насочиме на деловниот стил во уличната мода и тоа кај +50 дамите. На фан страната Bastioni di fashion 50+ на фејсбук, се соочивме со воодушевувачки деловни комбинации на средовечни дами во нивните бизнис изданија.

Не само што овие икони на стилот се инспиративни за жените +50, туку преку својот избор на деловна облека укажуваат на забавната страна на бизнис имиџот.

Благодарение на нивната изградена стилска свест, изострена естетика и самодоверба, овие дами што ќе ви ги посочиме како пример, успеваат во вистинска форма да го доловат деловниот стил во кој се имплентирани сите негови аспекти за една перфектна целина – испочитувани се нормите на деловниот дрес код, а истовремено направени се комбинации со тренди парчиња што го доловуваат личниот стил на индивидуата.

Фото извор: Bastioni di fashion 50+

Објавено:
16 ноември 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.286 пати