Омилените парчиња од уличната мода во деловниот свет

12 мај 2016

Секогаш кога сме во потрага по стилска инспирација, најбогат и најкреативен извор е уличната мода.

Тука не постојат правила, но со умешност и добро познавање на сопствениот стил и деловниот дрес-код, може да направите успешна адаптација на трендовите од уличната мода во вашиот деловен имиџ.

Разлистувајќи ги галериите со фотографии од светските улични модни писти, селектиравме бројни модни парчиња што се омилени и во плакарот на деловните дами.

Преку таквите парчиња, деловниот се поврзува со слободниот дух на светот на уличната мода и преку изборот и комбинацијата на тие парчиња, му даваме автентичен печат на нашиот бизнис-имиџ.

 

Кошула со невообичаен крој

Сако со впечатлив принт

Панталони со принт

Миди здолниште

Кошула-фустан

Акцент на модните додатоци  

 

Објавено:
12 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.452 пати